Барселона за Меси подготви договор кој не може да го одбие


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Сагата околу новиот договор на Лионел Меси со Барселона трае веќе неколку месеци, а се чини дека наскоро ќе биде завршена бидејќи Каталонците подготвија договор кој Аргентинецот нема да може да го одбие.

Медиумите во Шпанија пренесоа дека челниците на Барселона за Меси подготвија договор кој го нудат кинеските клубови само за аргентинескиот фудбалер да дојде во оваа земја.

Барселона е одлучна да го заджи Меси на Ноу Камп па дури и по цена тој да биде далеку најплатен играч на светот.

Шпанска Марка објави дека Барселона во наредните неколку недели ќе проба да ја заврши зделката со  Меси чиј моменталнен договор истекува на крајот на наредната сезона.

Наводно, каталонскиот клуб на Меси ќе понуди неделна плата од неверојатни 581 000 фунти.

Во минатата недела во медиумите се појави приказна дека Меси во наредната година може бесплатно да ја напушти Барселона, а тоа е последно што овој клуб сака.

Каталонците нема да жалаат на Меси, и речиси сигурно дека тој во иднина ќе биде најплатен играч на светот.

Нормално, во Барселона сигурно ги „проколнуваат“ Кинезите кои со својата појава воведоа некои нови непишани правила во фудбалот.

Една ненормална понуда може се тоа да го промени, а Барселона ќе мора да потроши сигурно многу повеќе отколку што е планирано.

Сепак, главна цел е Меси да остане, а се чини дека се спремни да направат се со цел тоа да се оствари.