Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓
Претседателот на Ла Лига, Хавиер Тебас, ја отфрли можноста „Ел Класико“ да се игра на територија на САД.
Неодамна првиот човек на Примера соопшти дека се договорил еден натпревар да се игра во Америка и покрај противењето на играчите и навивачите.
„Невозможно е да се игра Ел Класико во Њујорк“, ги смирува Тебас навивачите и играчите.
Во средата играчте беа на состанок и кажаа дека не сакаат да играат надвор од Шпанија, па најавија и протест.
„Вредноста на ТВ-правата на нашите натпревари е тројно повеќе во последните четири години. Имаме стратегија за различни локации. Само НБА-лигата прави нешто слично“, се правдаше Тебас.
Првпат Барселона и Реал Мадрид одиграа натпревар на територија на САД во 2017. година, кога играа во Мајами во дуел од Меѓународниот куп на шампиони.