Барселона испрати понуда, кеш плус духот од ламбата


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Не се откажуваат, но прашање е дали ќе биде прифатено.

Барселона не се откажува од намерата Хектор Белерин да се врати во клубот.

Тој замина во Арсенал како дете во 2013-та година, сега е стандарден десен бек, го продолжи договорот, но каталонците се надеваат дека ќе успеат да се договорат.

Шансите за трансфер се мали, Барселона е спремна да понуди 50 милиони евра плус Арда Туран кој е посакуван од Арсен Венгер.

Турчинот кој го нарекуваат духот од ламбата имаше понуда од Кина, но и Турција меѓутоа сака да се проба во Англија.