Барселона се вклучува во трката за Мбапе


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Откако стана јасно дека Нејмар ќе си замине од Барселона, од редовите на шпанскиот вицешампион се во потрага по негова замена.

На листата кандидати има неколку звучни имиња меѓу кои како најсериозни се споменуваат Фелипе Кутињо и Анхел Ди Марија.

Сепак, шпанскиот новинар од редовите на „Скај Спортс“ Гилием Балагуе на Твитер потврди дека Барселона веќе три дена е во преговори со Монако за трансфер на Килијан Мбапе.

„Барселона подготвува голем трансфер удар. Тие го посакуваат Мбапе. Преговорите веќе три дена се одвиваат, но сепак и Зидан силно го посакува талентираниот фудбалер“- напиша Балагуе.

Дали Мбапе ќе се одлучи во последен момент да направи трансфер во Барселона, ако се знаеше фактот дека речиси 90% е сигурен неговиот премин во Реал Мадрид останува да видиме.