Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
И Роберто Мартинез го објави конечниот список на фудбалери на кои ќе смета за претстојното Светско првенство во Русија.
Мартинез направи неколку интересни промени, и по храбрата одлука дома да го остави Раџа Наинголан, сега се реши во финалните 23 фудбалери да не го смести играчот на Кристал Палас, Кристијан Бентеке кој долго време е дел од оваа репрезентација.
Мартинез изненадувачки за Русија го повика Аднан Јанузја, кој имаше добра сезона во дресот на Реал Сосиедад, но сите се сложуваат дека не блескал и него заслужил овој повик.
Список на повикани играчи:
Голмани: Тибо Куртоа, Симон Мињоле, Коен Кастелс
Одбрана: Јан Вертонген, Тоби Алдервилд, Томас Вермален, Лорен СИман, Томас Меуние, Леандер Дендонкер, Дедрик Бојата, Винсент Компани
Среден ред: Кевин Де Брајн, Муса Дембеле, Аксел Витсел, Маруан Фелаини, Јури Тилеманс, Торган Азар, Насер Шадли, Јаник Караско, Аднан Јанузај
Напад: Еден Азар, Дрис Мертенс, Ромелу Лукаку, Мичи Батсуаи