Берарди промаши, Бака казни – Минимална росонерска победа против Сасуоло (ВИДЕО)


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


Од 26-то коло од Серија А се одиграа уште пет натпревари.

Милан на гости го победи минимално Сасуоло, 0:1.

После дванаесет минути игра беше досуден пенал за Сасуоло. Берарди од белата точка промаши и пропушти голема шанса да му донесе водство на домашниот тим.

Деулофеу неколку минути подоцна лошо шутираше одблиску. Во 22-ра минута повторно пенал, овој пат за гостите. Бака се лизна при изведувањето на пеналот, но ја погоди мрежата за водство на росонерите.


Carlos Bacca Comical Penalty Goal vs Sassuolo… by wittyfu

Во второто полувреме мируваа мрежите, а гостите си заминаа со победа, 0:1.

Росонерите после денешната победа ќе останат на седмата позиција со еден бод помалку од Интер кој е шести и натпреварот од 26-то коло го игра вечерва, а од петопласираниот Лацио имаат три бода помалку.

Во останатите натпревари Киево на домашен терен ја победи Пескара, 2:0, Каљари со пресврт го победи Кротоне, 1:2, Џенова во финишот од натпреварот се спаси од пораз од Болоња, 1:1, Лацио минимално го совлада Удинезе на Олимпико, 1:0. Македонскиот фудбалер во тимот на Џенова, Горан Пандев не настапи на денешниот натпревар.