Беше вишок во Манчестер Јунајтед, сега го бараат Сити и Арсенал


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Манчестер Јунајтед иако е клуб со богата историја и е најтрофеен во Англија е познат и по тоа што неверојатно лошо ги проценува играчите кои ги има во својот тим.

Така во претходните години отпуштија многу квалитетни фудбалери кои по заминувањето од „Олд Трафорд“ го кренаа своето ниво на игра.

Еден од тие кои не добија голема шанса, посебно не по заминувањето на Сер Алекс Фергусон е и Џони Еванс, актуелниот член на Вест Бромвич Албион.

29 годишниот Еванс по одличните настапи за ВБА на маса има понуди од Манчестер Сити и Арсенал кои за неговите услуги се подготвени да издвојат 25 милиони фунти.

Покрај нив има уште неколку понуди за Ирецот кој во јануари речиси извесно ќе го напушти „Хоутронс“.