Биелса ќе биде нов тренер на Алиоски


Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Марсело Биелса е во напредни преговори со раководството на Лидс и веројатно ќе биде нов тренер на славниот англиски клуб.

Биелса е искусен тренер кој во својата кариера има работено во Атлетик Билбао, Марсеј, Лацио, а последен негов клуб му беше Лил.

Лидс Јунајтед е во потрага по нов менаџер откако од клубот и официјално му врачија отказ на досегашниот тренер Пол Хекинботом кој на „Еланд Роуд“ го наследи Томас Кристиансен.