„Билд“: Иско наскоро заминува од Реал и се сели во друг европски гигант


Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Шпанскиот репрезентативец Иско е многу блиску до заминување од Реал Мадрид, пишуваат странските медиуми.

Претходно се шпекулираше дека за Иско се заинтересирани Манчестер сити, Манчестер јунајтед, Ливерпул и Челси, но германски „Билд“ пишува дека за него интерес покажал и Баерн Минхен.

Наводно, Шпанецот веќе некое време преговарал со Баерн и најверојатно во тој клуб ќе ја продолжи кариерата.

Да потсетиме, откупната клаузула во договорот на Реал Мадрид изнесува 700 милиони евра, но се очекува Баерн да плати многу помала сума.

Да потсетиме, кај Баварците се наоѓа уште еден фудбалер на „кралевите“, односно Хамес Родригез, кој е на позајмица и неговата иднина засега не е позната.

Инаку, Иско е во втор план кај новиот тренер на Реал, Сантијаго Солари, кој повеќе му верува на Лукас Васкез.