Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Бразилскиот напаѓач од редовите на Вардар, Џонатан Боарето ќе го напушти „црвено црниот“ табор и ќе направи трансфер во Катар.
Ваквите информации ги објави македонскиот спортски весник „Македонски спорт“ во нивното денешно издание.
Вардар ќе добие добра сума на пари од засега неименуваниот клуб од Катар и ќе треба да бара засилување во нападот пред двомечот со Фенербахче.
Боарето донесе голема радост за Вардарци кога на првиот натпревар против Копенхаген стрелаше и го постави конечниот резултат (1:0) кој им влеа голема надеж на избранците на Седлоски пред реванш средбата.