Богатиот Катар испрати понуда до легендарниот Арсен Венгер

Легендарниот стратег на Арсенал би можел да седне на клупата на домаќинот на следното Светско првенство.

Како што пишува „Франс Фудбал“ на повидок е големо враќање на Арсен Венгер на активното занимвање со фудбалот по една година пауза.

Легендарниот 69-годишен Французин, доби понуда од Катар да ја презеде клупата на тамошната репрезентација, но не е единствен кој би можел да ја прифати таа работа, бидејќи има уште неименувани кандидати. Некогашниот повеќедецениски стратег на Арсенал секако е главен кандидат за тоа место кое ќе има посебна тежина бидејќи оваа арапска држава е домаќин на следното СП во фудбал кое се оддржува во 2022. година.

Французинот засега не се огласува, но е јасно дека пребогатиот Катар може да го исполни секое негово барање, посебно финансиски. Прашање е само дали тој има и натаму мотив за занимавање со фудбалот, откако по 22 години изминатата пролет го напушти Арсенал со кој освои три титули во Премиер лигата и остави неизбрислива трага. Селекторот на Катар, кој го води и на купот на Азија кој е во тек, е помалку познатиот Шпанец, Феликс Санчез Бас.