Болт прогласен за најдобар атлетичар на годината


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Усеин Болт е прогласен рекорден 6-ти пат за најдобар атлетичар на годината.

Спринтерот од Јамајка во Рио трет пат по ред освои три златни медали на трките на 100 и 200 метри и штафета 4 по 100 метри.

„Живеам за моменти кога ќе влезам во стадионот и ќе ја слушнам публиката. Навивачите се една од главните причини за тоа што одлучив да настапувам уште 1 година.“

За најдобра атлетичарка е прогласена Алмаз Ајан. Таа на ОИ во Рио освои златна медала во трката на 10.000 метри.