Борусија Дортмунд купува на “Емирати“: Милионерите „крадат“ талентиран играч за врска


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Гедион Зелалем е голема надеж на Арсенал, но многу лесно може да го напушти клубот веќе во оваа зима.

19-годишниот играч за врска фудбалската кариера ја започна во берлинска Херта, а потоа со фамилијата се врати во САД и се приклучи на средношколсската екипа Валтер Џонсон.

За среќа, неговиот талент  пред три години го препозна Арсен Венгер и како 16-годишен го доведе во Арсенал, но Зелалем не ги исполни очекувањата.

Минатата година ја помина во Глазгов како позајмен играч, а во оваа не беше ни блиску до првиот состав на Топџиите.

ЕСПН тврди дека Борусија Дортмунд е одлучна да го доведе веќе во оваа зима.

Пречки за тоа не би требало да иам бидејќи на него договорот истекува на лето па лондонскиот тим најверојатно ќе биде среќен ако од Дортмунд добијат било каква оштета.