Буфон: Уште не сум одлучил

Џиџи Буфон им призна на медиумите дека сеуште не се одлучил дали ќе оди во пензија на крајот од оваа сезона.

„Кога почнав да тренирам фудбал, бев во везниот ред, а потоа во 1990 година одлучив да бидам голман, откако го видов Томас Н”Коноа на Светското првенство“.

„Ова веќе го работам последните 28 години, а тоа е многу време доколку се погледне наназад. Сеуште не сум одлучил дали е ова последна сезона за мене, треба да разговарам и со претседателот“.

Џиџи Буфон поради повреда пропушти неколку натпревари оваа сезона и пропушти да го престигне Малдини по бројот на настапи во Серија А.

„Некогаш е подобро да не ги форсирате работите и треба да бидете среќни со работите кои ги имате. Мислам дека имам доволно рекорди во мојата кариера, а доколку тој рекорд остане, ќе бидам среќен, бидејќи никој не го заслужува повеќе од него“.