Валверде сака нови дефанзивци во Барселона

Тренерот на Барселона, Ернесто Валверде сака да донесе најмалку барем еден централен дефанзивец овој јануари.

Валверде уште во летниот преоден рок сакаше да ја засили последната линија, а прв пик беше Ињиго Мартинез. Сепак, преговорите за овој играч пропаднаа и трансферот не се реализира.

Се шпекулира дека во јануари Барселона ќе донесе искусен играч од одбраната, а веќе следното лето ќе го купи Јери Мина од Палмеирас. Мина е опција и за јануарскиот преоден рок доколку Каталонците не пронајдат посоодветно решение за одбранбената позиција.