Валенсија се приклучува во трката за Мура

„Скај Спортс“ дознава дека шпанска Валенсија се приклучила во трката за потписот на Лукас Мура кој ќе си замине од ПСЖ оваа зима.

Мура преферира трансфер во Премиер лигата, а по интересот од Манчестер Јунајтед сега за него се интересира и тимот на Тотенхем.

Ситуацијата од страна ќе ја набљудуваат од тимот на Валенсија кои ќе чекаат Мура да не се договори со „петлите“ за да се обидат да го „украдат“ и да го донесат на „Местаља“.

ПСЖ нема да дозволи Бразилецот да замине на позајмица и ќе бараат минимум 23 милиони фунти за неговите услуги со цел да ги запазат правилата на финансискиот фер плеј.