Варан сака да си „фати магла“ од Мадрид: Французинот откри зошто заминува од Реал!?


Се за новиот формат во Лигата на Шампиони! ↓↓↓


Шпанските медиуми пишуваат дека Рафаел Варан сака да го напушти Реал Мадрид и дека ниту доаѓањето на Зинедин Зидан нема да го смени неговиот став, а една од причините зошто францускиот дефанзивец сака да замине е тоа што екипата не го почитува доволно..

Варан беше во втор план кај Хулен Лопетеги на почетокот на сезоната, но тоа не го повреди толку многу, колку што го изнервира тоа што Реал не му подготви никаков пречек по освојувањето на титулата на Светското првенство во Русија.

Атлетико Мадрид им подготви изненадување на Антоан Гризман, Томас Лемар и на Ернандез, а Барселона го изненади Осман Дембеле, додека Реал не мрдна со „мал прст“ за Варан.

„Кралевите“ соопштија дека тоа не го направиле затоа што не сакале да го потсетуваат Лука Модриќ на загубеното финале во Русија, но тоа оправдување не го прифати Варан.

Варан исто така смета дека Французин ја заслужувал „Златната топка“, но не го кажал тоа јавно поради неговиот соиграч Модриќ. Сепак, му паднало тешко што Реал постојано го форсирало Хрватот.

Во моментов не е познато дали постои шанса да се предомисли, но поголеми се шансите да замине од Мадрид на лето, отколку да остане во екипата, па тоа значи дека на Зидан ќе му треба нов столб во одбраната.