Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Екипата на Вардар останува единствениот тим со стопостотен ефект во СЕХА Лигата. Вардарци и по шест одиграни кола остануваа непоразени по триумфот во Словенија над Целје со 31:28.
Сега Вардар е шест бодови пред Мешков Брест и Татран Прешов на табелата во регионалниот шампионат.
„Црвено црните“ натпреварот во Словенија го играа без Рожерио Мораеш, Хорхе Македа и Столе Стоилов, но тоа не претставуваше проблем за избраниците на Раул Гонзалез.
Тимур Дибиров со шест погодоци беше најефикасен во редовите на Вардар, а Карачиќ и Абутовиќ мечот го завршија со по четири голови.