Вардар по очајното второ полувреме претрпе убедлив пораз од Барселона


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Македонскиот шампион Вардар беше надигран во „Палау Блауграна“ и претрпе катастрофален пораз од Барселона со 34:26.

„Црвено црните“ одиграа далеку подобро прво полувреме отколку на натпреварот во Скопје и на пауза заминаа само со еден гол негатива (16:15).

Катастрофата се случи во второто полувреме во кое Вардар постигна само 11 гола, а прими дури 18. Избраниците на Парондо во првите десет минути постигнаа само еден гол, за разлика од Барселона која постигна осум погодоци.

Феноменален во второто полувреме беше Кевин Молер кој буквално ја спушти ролетната на голот на Барселона. Во првиот дел Варгас имаше само една интервенција.