Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Ракометарите на Вардар славеа голема и важна победа против полскиот претставник Келце во „Јане Сандански“. Избраниците на Парондо со 28:27 славеа во трилер натпреварот по кој се вратија на втората позиција во групата.
По израмнетиот старт на натпреварот, Вардар во свои раце ја презеде играта и на моменти имаше предност и од пет гола. На полувреме сепак замина со три гола позитива (14:11).
Во вториот дел избраниците на Парондо повторно дојдоа до предност од пет гола, но во финишот како да загубија сила, па Келце успеа да се доближи, но не и целосно да се врати во натпреварот.
Најефикасен во Вардар беше Даинис Криштопанс со пет голови, додека Скубе имаше одлична вечер со четири гола од исто толку обиди.