Вардар фантастичен, Арпад Штербик магичен – Флензбург на колена во Германија


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Ракометарите на Вардар во Германија победи против Фленсбург во првиот четвртфинален натпревар во Лигата на Шампионите, 24:26.

Вардарци на почетокот на натпреварот со два погодоци во низа стигнаа до плус два, 1:3. Македонскиот клуб потоа зголеми на три погодоци предност, 2:5.  Ракометарите на Флензбург постигна два погодоци во серија и намали на еден негатива, 4:5. Црвено-црните со серија од четири погодоци зголемија на плус пет, 5:10. Вардарци зголемија на плус шест, 6:12. Домашните намалија на четири негатива, но до крајот на првото полувреме ракометарите на Вардар постигнаа два погодоци во серија за плус шест на полувреме, 9:15.

Германците за прв пат во натпреварот постигнаа три погодоци во серија и намалија на четири негатива, 13:17. Вардарци на ова одговорија со серија од два погодоци, 13:19. Домашните повторно намалија на четири негатива, 17:21. Со серија од три погодоци домашните намалија на два негатива, 21:23. Десет минути пред крајот на натпреварот Вардар имаше плус четири, 21:25. Вардар на крајот победи со 24:26.

Алекс Дујшебаев и Лука Циндриќ со по пет погодоци го предводеа Вардар. Арпад Штербик го заврши натпреварот со 16 интервенции. Јакобсон кај Флензбург беше најефикасен со 6 погодоци.