Вардар ќе игра против Загреб во осминафиналето на ЛШ


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Македонскиот шампион Вардар денеска го доби противникот во осминфиналето на Лигата на шампиони, откако екипата на Загреб одигра 26-26 на гостувањето кај Пик Сегед во последниот меч од групната фаза.

Загреб одигра израмнет од почетокот до крајот, па и покрај тоа, двете екипи завршија со 26-26. Тоа значи дека Загреб ќе игра против Вардар, а доколку славеше унгарската екипа, тогаш за „црвено-црните“ противник ќе беше Мотор Запорожје.

Вардар, секако доколку слави, по двомечот против Загреб би можел да игра против подобриот од мечот меѓу Висла Плок и Пик Сегед.

Вардар првиот меч го играат во Хрватска, а реваншот од осминафиналето ќе го одиграат во СЦ „Јане Сандански“.