Венгер во Доха остварил средба со челници на гигант од Европа


Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Францускиот медиум „Л’Екип“ пренесува дека Арсен Венгер се сретнал со претседателот на ПСЖ, Насер Ал Келаифи на тенискиот турнир во Доха одржан минатата недела.

Наводно богатиот шеик разговарал со Венгер околу можноста искусниот поранешен тренер на Арсенал да ја преземе функцијата спортски директор на клубот.

Ал Келаифи не бил задоволен со досегашната работа на спортскиот директор Антеро Енрике и многу е веројатно дека Венгер од следната сезона ќе има нова работа.