Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓
Легендарниот фудбалер на Рома, Франческо Тоти нема намера да се прости од фудбалот.
Иако има 40 години, а договорот со Рома му завршува на крајот од сезоната, Тоти сепак нема намера да се пензионира.
Тој изјави дека верува во своето тело и глава.
„Во фудбалот никогаш не се знае. Имав намера да се простам минатата година, а тоа често се случува во фудбалот, особено ако работите не одат на добро. Сепак, верувам во својата глава и тело. Уште можам да понудам многу и се чувствувам добро.“
Да потсетиме, тој оваа сезона одигра 6 натпревари во Серија А и постигна 2 голови.