„Верувам во чесноста на Малага, додека не се докаже спротивното“

Фудбалерите на Барселона утре на домашен терен ќе играат против Еибар во последниот меч во оваа сезона во Ла Лига.

Барселона сеуште се надева на освојување на титулата шампион, а за тоа им е потребен пораз на Реал кај Малага и нивна победа против Еибар.

Тренерот на Каталонците Луис Енрике порача пред утрешните мечеви дека верува на почит од страна на фудбалерите на Малага и нивниот тренер Мичел, иако се работи за легенда на Реал.

„Верувам во професионализам на сите фудбалери и тренери додека не се докаже спротивото. Со оглед дека не можеме ништо да промениме во мечот Малага и Реал, ќе се фокусираме на нашиот меч. Кога ќе ја завршиме работата, ќе имаме многу време да видиме што нашиот ривал направил“, рече Енрике и додаде: Одамна се занимавав со математика. Повеќе не зависиме од себе и тоа чувство е инфериорно, но ќе се бориме се до самиот крај“.