Вестбрук ги уништи соништата на Денвер за плеј-оф!


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


Оклахома во возбудлива завршница го победи Денвер на гостувањето со 106:105 и со тоа му обезбеди место на Портланд во плеј-оф.

Судбината на Денвер ја запечати Вестбрук со неверојатна тројка од 10 метри со звукот на сирената.

Тој постигна 50 поени, 16 скокови и 10 асистенции и со тоа влезе во историјата како играч со најмногу трипл-дабл во сезоната.

Во победата на Оклахома добри беа и Кантер со 15 поени и Адамс со 10 поени. Во тимот на Денвер најдобар беше Галинари со 34 поени и 10 скокови.