Вестбрук „олеснет“ по испратените пцовки до навивачите (ВИДЕО)


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Поради караницата со навивач на Јута Џез, на кој му испрати навредливи зборови и пцовки, Расел Вестбрук доби казна од НБА-лигата од 25.000 долари.

Кога Оклахома гостуваше во Јута, еден навивач на Џез го навредуваше најдобриот кошаркар на Тандерс. Наводно, ги споменувал неговите членови на семејството и му порачал да клекне на колена.

Вестбрук реагираше на тоа со пцовки и поради тоа мора да плати 25.000 долари. Тој наводно му викал и му се заканувал на наввачот.

Јута претходно го казни својот навивач поради срамното однесување на трибините, а исто така му беше забрането доживотно присуство на натпреварите.

Вестбрук по мечот порача дека е долго време во лигата и никогаш не правел слични инциденти.