Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Зимскиот преоден рок никогаш не беше атрактивен како летниот. Освен што трае пократко, големите тимови баш и немаат обичај да прават драстични промени на својата екипа кога сезоната ќе стигне до својата половина.
Сепак, претстојниот преоден рок сигурно ќе донеси некои интересни трансфери а веќе два сугерираат дека ќе бидат најголеми.
Во центарот на вниманието се два фудбалери – Аксел Витсел и Џејмс Родригез.
Колумбиецот ни во новата сезона не добива премногу шанси во Реал Мадрид се укажува дека ќе замине на пат за Англија. Со оглед дека го одби Тотенхем и дека силно сака во Манчестер Јунајтед, за очекување е Џејмс да стане нов член на Црвените ѓаволи.
Кога на тоа ќе се додаде дека Хенрик Михтаријан не се вклопи најдобро и дека е незадоволен на позицијата на која игра…
Друг голем трансфер треба да направи Јувентус. Старата дама пред неколку недели беше на чекор до ангажирање на Аксел Витсел, но работата на крајот се изјалови.
Белгиецот порача дека е незадоволен што остана во Зенит и сите прилики укажуваат дека ќе тргне по стапките на Хулк и ќе стана друга ѕвезда на рускиот клуб кој ќе го напушти Сант Петерзбург.
Кога се работи за сумите, Џејмс во Јунајтед треба да премине за 60 милиони евра, додека Јувентус ќе направи уште една одлична зделка и Витсел ќе го добијат за само пет или шест милиони.
Белгиецот има договор со Зенит кој истекува на крајот на сезоната и тој веќе има договор со Зенит ,кој сепак нема да го чека истекот на договорот па веќе во јануари ќе им даде шанса на Зенит за нешто да заработат од својот најдобар играч.
Освен тоа, Зенит во оваа сезона не игра во Лигата на шампионите и Витсел може да помогне на тимот на Алегри во најсилното натпреварување, а не треба да се зборува колку самиот фудбалер од таа пола година „бонус“ ќе му значи да за адаптација на фудбалот и животот во Италија.