Вида го напушта Бешикташ, следна станица Рома


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Хрватскиот репрезентативец Домагој Вида ќе му се придружи на Един Џеко во Рома.

Само година дена откако потпиша за Бешикташ, Вида поради финансиската ситуација во која западна турскиот клуб е приморан да си замине, а ова одлучи да го искористи Рома која наводно веќе утре ќе потпише со овој дефанзивец.

Медиумите во Италија пишуваат дека Вида во Рома ќе пристигне на позајмица до крајот на сезоната, а Бешикташ за неговото заминување нема да добие никаков надомест како што е обичај во ваквите ангажмани. Но, наведено е дека Рома најдоцна до крајот на позајмицата мора да го откупи неговиот договор со оштета од 7.5 милиони евра.

Во новиот клуб, како што тврдат италијанските медиуми Вида ќе заработува два милиони евра годишно.

Освен Рома, за услугите на Вида во овој преоден рок беа уште заинтеерсирани и Евертон и Вест Хем, но најконкретна беше Волчицата.