Витсел потпиша! Ниту Јувентус, ниту Шангај – се појави трета суперсила


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Монструозни бројки во трансферот на белгиецот.

Во првиот ден од новата година стигна и првата трансфер бомба во 2017-та година. После Оскар и Карлос Тевез, новиот мега трансфер е Аксел Витсел. Договорот е потпишан, белгиецот се сели во Кина. Но, не во Шангај СИПГ како што беше најавувано.

Аксел Витсел кариерата ќе ја продолжи во Тианџин кој за неговото доаѓање направи огромни финансиски напори.

Витсел беше на чекор од Јувентус, се имаше договорено со бјанконерите. Веруваа дека Зенит ќе капитулира пред понудата од 6 милиони евра, но русите ризикуваа и тоа им се исплати.

Се појавија богатите кинези и ја променија приказната во корист на Зенит, а на штета на Јувентус. Шангај СИПГ прв тргна по Витсел со понуда од 12 милиони евра годишно, а потоа и со 18 милиони евра. Пребогатиот клуб не го имаше решено проблемот со бројот на странци, му беше потребно време, а тоа го искористи Тианџин.

На клупата е Фабио Канаваро, а во тимот ги имаат одличните бразилци Жувенао и Жадсон. Во минатата сезона го имаа Луис Фабиано, но него му се заблагодарија бидејќи им се потребни звучни имиња и млади ѕвезди.

Прво понудија 40 милиони евра за Калиниќ и таа приказна уште не е готова. Потоа експресно реагираа кога видоја дека на Витсел му се мили кинеските милиони. И успеаа да го му украдат на Шангај пред нос.

Зенит веднаш го убедија со неверојатна понуда од 25 милиони евра.

Потоа го убедија и Витсел. Со плата од 18 милиони евра годишно и бонуси до 2 милиони евра по сезона. Уште не е познато дали тригодишен или четиригодишен договор ќе потпише. Трансферот го заврши италијанскиот менаџер Давиде Липи, синот на Марчело.

Се чека уште официјална потврда од клубовите.

Но ова не е се од Тианџин. Островските медиуми соопштија дека новиот прволигаш му понудил на Челси 90 милиони евра за Коста.

Спремете се, кинескиот јануари само што започна.