Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сезоната на рома има големи турбуленции.
По срамниот пораз од Фиорентина, ситуацијата се стабилизираше со победите во Серија А, а една од светлите точки во „Волчицата“ е Стефан Ел Шарави.
Многумина веруваат дека ова е неговата најдобра сезона уште од онаа во 2012/13 во дресот на Милан, кога постигна 16 погодоци, сега стигна до бројката на осум, но тука е и вториот дел од сезоната.
Рома веќе го подготви продолжувањето на соработката со Италијанецот, неговиот договор истекува за година и половина, а најновата понуда гласи 2,5 милиони годишно до 2024. година.
Тоа би значело и зголемување од половина милион евра годишно, италијанските медиуми пишуваат дека тој ќе ја прифати оваа понуда бидејќи сака да се врати во дресот на репрезентацијата.