Во слободно време им суди на Реал и Барса, а инаку е пластичен хирург кој менува полови


Како започна приказната со Goblin Games - од гаража до бренд! ↓↓↓


Шпанските медиуми овие денови ја пренесуваат вестта за тамошниот судија Цезар Новал.

За Новал тешко дека сте слушнале иако следите фудбал бидејќи главната задача му е да биде помошен судија , а она што е занимливо за него е неговата друга работа покрај судењето.

Имено, нему судењето му е само еден вид на хоби однсосно додатна заработка, а инаку е пластичен хирург кој се занимава со промена на пол.

Во светот познат е по рекордно брзите операции за промена на пол бидејќи за една таква му требале околу 18 часа што досега е незабележан случај.

Инаку е роден во Валенсија, а со години успешно изведувал пластични операции во САД пред да се врати во Шпанија каде работи само на операции за промена на пол.