Водечките тимови од Германија ги купуваат двајцата најдобри играчи на Кристал Палас


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


„Скај Спортс“ пренесува дека најдобрите фудбалери на Кристал Палас, Вилфред Заха и Арон Ван Бисака би можеле да си заминат од клубот следното лето.

Медиумот пренесува дека за одличниот крилен фудбалер кој има една неуспешна авантура во голем клуб, Манчестер Јунајтед, се интересира Борусија Дортмунд, додека за Арон Ван Бисака има сериозен интерес од Баерн Минхен.

Вилфред Заха освен на Борусија е на мета и на Тотенхем, додека за Ван Бисака постои огромен интерес од неколку клубови од Премиер лигата.

Се верува дека Манчестер Сити, Арсенал, Манчестер Јунајтед и Ливерпул ја набљудуваат ситуацијата околу фудбалерот кој изненади многумина со своите игри оваа сезона.