Волшебникот на трансфер периодите ќе им ја расипе работата на Арсенал

Според шпекулациите, Месут Озил го условил останувањето во Арсенал со тоа што им наредил на управата на Арсенал да го доведат Јулијан Дракслер.

Младиот Германец долго време е на радарот на Арсенал, а секогаш добро информираниот „Bild“ тврди дека спортскиот директор на Севиља, Рамон Мончи одлучил да ја расипе таа работа.

„Волшебникот“ на трансфер периодите е подготвен да го донесе фудбалерот кој е непосакуван во Волсфсбург и така целосно да ги изненади Арсенал, но и Јувентус и ПСЖ кој исто така се заинтересирани.

Дракслер е голема желба на аргентинскиот стратег Хорхе Сампаоли, кој смета дека германскиот играч идеално би му се вклопил во системот на игра.

Трансферот би изнесувал 30 милиони евра, а токму Јулијан би бил еден од последните работи на Мончи во Севиља, бидејќи на лето ќе се пресели во Рома.