Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Акраф Хакими е една од овосезонските сензации во Бундеслигата. Овој 20-годишен лев бек игра одлични партии во дресот на Борусија Дортмунд и многу брзо стана важен ден од тимот на Милионерите.
Младиот марокански репрезентативец во Борусија пристигна минатото лето и тоа на двегодишна позајмица од Реал Мадрид, а напуштањето на Сантијаго Бернабеу се чини како прав потег за овој талентиран дефанзивец.
Во реал не можеше да се избори за значајна минутажа, но одлично се вклипо во својот нов тим.
Од доаѓањето на Вестфален одигра 21 натпревар за Борусија во сите натпреварувања, постигна три гола и запиша седум асистенции.
Дека тренерот Фавре смета на него, говори и фактот дека тој е петти по минутажа во тимот во оваа сезона.
Така во дресот на Борусија до сега има одиграно 1863 минути, додека во Реал во текот на цела сезона на теренот помина 1315 минути.
Одличната форма на Мароканецот се одрази и на неговата вредност. Спрема Трансфермаркет неговата вредност изнесуваше 7.5 милиони евра во моментот кога го напушти Реал, додека сега е 25 милиони евра.