ВТА: Возњацки е на врвот, Халеп падна на второто место!

На новата ВТА листа, која беше направена по завршувањето на првиот гренслем турнир Австралија Опен, дојде до смена на врвот, па сега прва тенисерка во светот е Возњацки додека зад неа е Симона Халеп.

Данската тенисерка го започна своето трето владеење на врвот и сега има 7985 бодови. Симона Халеп по 16 недели на врвот падна на второто место и има 7715 бодови.