ВТА Доха – Плишкова победи на 2 натпревари!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Денес повторно невремето направи големи проблеми на турнирот во Доха.

Долго време беа одложени натпреварите, а Плишкова мораше да одигра дури 2 натпревари.

Во првиот натпревар таа беше подобра од Жанг со 2:0 во сетови, односно 6:2 и 6:0.

Во вториот натпревар кој го одигра денес Плишкова беше подобра од Цибулкова со 2:1 во сетови и голема борба со многу неизвесност, односно 6:4, 4:6 и 6:3.

Возњацки немаше проблеми против Дејвис, иако во еден момент имаше негатива во првиот сет, но на крајот стигна заслужено до победа со 2:0 во сетови, односно 7:5 и 6:1.