ВТА Пекинг: Пораз на Цибулкова, победи на Халеп и Квитова


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    8-та тенисерка во светот Цибулкова изгуби од Корне со 6:2, 5:7 и 6:2 во 2-ро коло во Пекинг.

    Квитова имаше полесна противничка од Цибулкова, лесно излезе на крај со Ванг во 2 сетови, 6:4 и 6:1.

    Наредна противничка ќе и биде Мугуруза.

    Изненадување немаше во останатите натпревари. Кузњецова ја победи Дои со 6:1 и 7:5 и сега ја чека Киз додека Возњачки беше подобра од Винчи со 6:3 и 6:2.

    Халеп рутински излезе на крај со Викмајер во 2 сетови, 2 пати по 6:2.

    Турнирот во Пекинг се игра за награден фонд од 6.289.521 долари, а победничката ќе добие 1.111.945 долари и 1000 ВТА поени.