Морбидно: Навивачите изнесоа ковчег на улица, па го „погребаа“ најголемиот ривал (Видео)

Фудбалскиот клуб Сампдорија за првпат во историјата испадна во Серија Ц, трет ранг на италијанскиот фудбал.

Поранешниот шампион на Италија и финалист на Лига на шампиони со години е во финансиски проблеми, а сега доживеа најголем пад откако постои.

Навивачите на најголемиот ривал, Џенова, радосно го дочекаа испаѓањето на Сампдорија, па истата вечер по тоа сознание направија хаос на улиците на градот.

Имаше и чудни сцени, бидејќи навивачите на Џенова ја „погребаа“ Сампдорија. Тие изнесоа ковчег на улица и славеа испаѓањето на лутиот ривал.

Фото: Принтскрин