Вујовиќ на клупата на Словенија до 2020


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    Поранешниот тренер на Југославија и РК Вардар, Веселин Вујовиќ во наредните денови ќе потпише нов договор со репрезентацијата на Словенија.

    Еден од најдобрите играчи во историјата неодамна го отфрли интересот на Хрватска и стави до знаење дека желба му е да остане на клупата на Словенија, со која учествуваше на ОИ во Рио.

    Како награда за верност тој ќе добие договор до ОИ 2020 во Токио.

    „Прашање е денот кога договорот ќе биде потпишан. Сакав да останам, Федерацијата сакаше да ме задржи и останаа да се договарат само некои детали. Ми ја испратија понудата со условите кои беа прифатливи со мене, па така ќе останам во Словенија барем до Токио.“

    Актуелниот договор на Вујовиќ завршуваше во јули 2018-та година, а Словенците се задоволни со работата на актуелниот тренер на Загреб.