Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Менаџерот на Сити, Гвардиола е бесен на раководството на клубот бидејќи не успеаа да му го доведат младиот играч за врска на Ајакс Френки де Јонг.
Манчестер Сити се одлучи да се повлече од трката за овој млад фудбалер, ПСЖ наводно е најблиску до реализација на трансферот од 75 милиони евра, но тука е и Барселона.
Како што тврди Дејли Мирор, Гвардиола е бесен на раководството, бидејќи имал таен состанок со Де ЈОнг на кој го уверил дека ќе игра за него оваа сезона.
Меѓутоа, раководството на Сити одлучило дека поради финансиски фер плеј мора да се повлече, што го налутило каталонскиот стручњак.
Претходно челниците на Сити пропуштија доведување на Алексис Санчес, Фред и Жоржињо кои завршија во ривалските клубови, Јунајтед и Челси, па Пеп има причина да биде лут.