Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Гвардиола пред мечот со Шалке даде занимлив одговор кога е во прашање неговата кариера.
Многумина го обвинуваат дека е превара од тренер и дека благодарејќи на Меси и онаа веројатно најдобра Барса во историјата на тимот го постигна цел тој успех.
Вчера новинари го запрашаа поради што не беше ни близу до тие успеси со Баерн и сега со Сити.
„Во право сте јас сум превара од тренер, жал ми е, но тоа секогаш го признавам, имав среќа да ја тренирам Барселона, баш добро прашање, точно е, никогаш не сум бил ни близу тие резултати“, рече Гвардиола, а многумина претпоставуваат дека одговорот беше ироничен, иако тој го задржа сериозниот израз на лицето.
Тој говореше за четирите можни трофеи за Сити во оваа година:
„Тоа никој не може да го планира, едноставно тоа е невозможно, прво бидејќи одиме меч по меч и многу е потребно да стигнеш до таа позиција, второ таквите работи не се реални“, прокоментира Пеп, симнувајќи го притисокот од играчите во пресрет на денешниот дуел против Шалке.