Гвардиола повторно го победи Мурињо – Ако го нема најдобриот тука се Де Брујн и Ихеаначо


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Во дерби натпреварот во ПЛ, Манчестер Јунајтед на Олд Трафорд беше поразен од Манчестер Сити со 1:2.

Сите 3 погодоци беа постигнато во првото полувреме. Прво Де Брујн во 15-та минута на асистенција на Ихеаначо излезе сам со Де Геа и погоди за водство на граѓаните. Де Брујн повторно се закани по голот на Де Геа, ја погоди стативата, а напаѓачот на Сити, Келечи Ихеаначо се најде на вистинското место и го зголеми водството на гостите во 36-та минута. Пред крајот на првото полувреме фудбалерите на Манчестер Јунајтед изведоа слободен удар, а грешката на голманот на Сити, Клаудио Браво ја искористи Златан Ибрахимовиќ кој намали на 1:2. 15 минути пред крајот на натпреварот Кевин Де Брујн повторно шутираше и повторно ја погоди стативата. На крајот победа за Манчестер Сити од 1:2.

Ова е прв пораз за Манчестер Јунајтед и Мурињо оваа сезона, а Гвардиола и Манчестер Сити сеуште не знаат за пораз.