Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Интересот на Баерн Минхен за Лукас Ернандез покажува дека германскиот гигант ќе се откаже од досегашната политика. Баерн со години плаќаше ниски цени за квалитетни фудбалери, но сега сака да се вклучи во војна со гигантите.
„Пазарот полуде, се случуваат неверојатни работи и Баерн во тоа нема да учествува“, кажа во минатото Ули Хенес.
Сега Баварците се подготвени да го урнат клупскиот рекорд во есен за 80 милиони евра и да го ангажираат 22-годишниот дефанзивец на Атлетико и Франција.
Директорот на Атлетико, Андреа Берта на прашањето дали се почнати преговорите со Баерн им кажа на новинарите да го прашаат Карл-Хајнц Румениге.
„Марка“ пишува дека тоа е само почеток, зашто наводно Нико Ковач добил слобода во избор на нови засилувања.
Клубот од Минхен ќе го напуштат Мануел Ноер, Рафиња, Жером Боатенг, Давид Алаба, Чави Мартинез, Франк Рибери, Арјен Робен и Томас Милер.
„Гигантите мора да се плашат, зашто Баерн влегува во борба за најголемите ѕвезди“, пишува шпанска „Марка“.