Гигантот го допре дното – Продажбата на Милан практично пропадна, бесните навивачи спремаат протест


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


После скоро три години Силвио Берлускони не го продаде Милан, а тоа не го направи ниту денес кога беше планирано кинезите да го преземат италијанскиот гигант.

Иако се чинеше дека на почетокот на март би можел да биде историски од тоа нема да биде ништо. Целата реализација е под знак прашалник, а европскиот и италијанскиот гигант денес го допре дното во својата нова историја.

Голем хаос владее во Милан, а најверните навивачи Курва Суд најавија протести во следните денови како и во текот на утрешниот натпревар на Сан Сиро против Киево.

Едноставно, компанијата СЕС не ги уплати до денес последните 100 милиони евра и бара ново одложување до април. Меѓутоа, Фининвест под која е Милан е се поблиску до прекинување на целата операција поради непрофесионалното однесува на купувачите кои досега ги платија 220-те милиони од договорените 320 милиони евра.

Јонгхонг Ли требаше денес да биде претседател на клубот, остана без неколку инвеститори, а еден ја откажа соработката, па настанаа големи проблеми.

Според италијанските медиуми, на Берлускони не му се допаѓа ова и се поблиску е да ги откаже преговорите со СЕС и повторно да ја отвори соработката со Галатиото и Ганкикоф кои на почетокот беа заедно со Ли, но брзо се откажаа.

 

Одлуката ќе биде позната до вечерва

Фининвест и СЕС моментално преговараат, но до ново одложување тешко дека ќе дојде. Сепак, одлуката ќе биде позната до вечерва. Ако успее да се договори, продажбата и официјално ќе се случи на крајот на април или на почетокот на мај. Но, постои голема можност се на крајот да пропадне.

„Јас се грижам за Милан и не знам се за работата помеѓу Фининвест и СЕС. Ја немам таа слобода и не можам да дадам одговор на некои прашања. Не можам да кажам каде сме моментално и каква ќе биде иднината на Милан“, изјави Галијани.

Скоро три години Милан чека на нов претседател, а навивачите се надеваат на враќање на врвот на италијанскиот и европскиот фудбал. Често се споменуваше сумата на пари за преодниот рок од 150-200 милиони евра и се пишуваше за можните доаѓање на Обамејанг, Агуеро, Верати, Белоти…

Најпрво актуелен беше Би кој беше на чекор од купување на Милан, но на крајот од тоа немаше ништо. И сега кога се чинеше дека кинезите конечно ќе ја завршат работата, повторно се може да се сруши.

 

Што ќе биде со Донарума, Сусо, Пашалиќ, Делуфеу…

Неколку сезони наназад Милан не игра во Европа, во последните шест сезони го освоија само суперкупот на Италија, а оваа сезона ќе бидат во минус 75 милиони евра. Уште поголемиот проблем доаѓа со фудбалерите со кои не може да биде продолжен договорот кога не се знае новиот претседател.

Така со Галијани одржаа состанок акционерите на клубот и го запрашаа што ќе биде со чудесниот голман Џанлуиџи Донарума, 18-годишното чудо од дете кој пред некој ден стана полнолетен, но и понатаму нема потпишано договор и моментално е слободен фудбалер, а го сака пола Европа.

Реалноста е сега дека голманот можат да го ловат Јувентус, Реал Мадрид, Манчестер Јунајтед и останатите гиганти како и Сусо кој има договор до летото 2019-та година. Исто така не се знае што ќе биде со Марио Пашалиќ кој е на позајмица од Челси, Жерар Делуфеу од Евертон, кој знае.