Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓
Францускиот фудбалер Н’Голо Канте треба да стане еден од најплатените фудбалери во историјата на Челси.
Канте моментално ја игра најдобрата сезона во својата кариера. Откако репрезентативецот на Франција го освои Светското првенство, овој 27 годишен фудбалер сега ќе потпише и нов договор со Челси, спрема кој неделно ќе заработува неверојатни 290.000 фунти неделно.
Медиумите во Англија пишуват дека преговорите околу продолжувањето на соработката се во тек и дека љубовта на релација „Канте-Челси“ е обострана, а овој потег воедно е порака со ПСЖ и Барселона да отстапат од обидите да го ангажираат францускиот фудбалер.
Моментално договорот на Канте изнесува околу 150.000 фунти, а продолжувањето на договорот е приоритет за Челси, заедно со задржувањето на Еден Азар.
Да потсетиме, Канте од преминувањето во Челси ја освои Премиер лигата и ФА купот, а беше и најдобар играч во сезоната според изборот на играчите во 2017. година. Сега конечно го доби она што го заслужува.