ГОТОВО Е: Кинезите се согласија, Милан го доведе првото зимско засилување

Жерард Деулофеу уште утре, првиот ден од новата година ќе стане играч на Милан. Станува збор за позајмица до крајот на сезоната на која се согласи Евертон, а одговорот пристигна од Кина, конзорциумот кој ќе го откупи клубот од Берклускони, исто така се согласи.

Шпанецот не добиваше шанса под водство на Куман, започна само еден натпревар во ПЛ и сака да го напушти „Гудисон“.

Поранешниот фудбалер на Барселона се сеќава и на подобри денови со „карамелите“, разговарал со Монтела и добил ветување дека ќе има минутажа. Имал и понуди од Шпанија, поточно од Ла Коруња, со дресот на Барселона чиј дрес го облече само два пати и имаше една одлична позајмица во Севиља.

Што планира Монтела?

Тие со Сусо и Деулофеу би можеле да ја променат класичната 4-3-3 каде што покрај двајцата шпанци на бековите, најистурен би бил Бака, а Лападула и Нианг би биле алтернативи.