ГОТОВО: Реал со соопштение објави дека Роналдо има нов клуб


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Веста која навивачите на Јувентус ја очекуваа во последниве неколку денови денес доби и официјална потврда. Реал Мадрид преку соопштение објави дека Кристијано Роналдо ќе се пресели во Торино.

„Реал Мадрид одговори на желбите и барањата на Кристијано Роналдо кој договори трансфер во Јувентус.

Денес од Реал Мадрид сакаме да изразиме голема благодарност до играчот кој се докажа како најдобар во светот и кој го одбележа едно од најсветлите времиња во историјата на нашиот клуб.

За Реал Мадрид, Кристијано Роналдо секогаш ќе биде огромен симбол и единствен пример за следните генерации“ стоеше во дел од соопштението на Реал Мадрид.