Гризман на полувремето од финалето на Мундијалот му ја објаснуваше тактиката на Матуиди


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


На интернет се појави кратко видео кое прикажува случување во соблекувалната на репрезентацијата на Франција за време на полувремето во финалето на  Светското првенство.

Потсетуваме, Франција го освои Мундијалот така што ја победија Хрватска со 4:2, а резулатот на полувремете беше 2:1 во корист на Триколорите.

Фудбалскиот сојуз на Франција во јануари ќе објави документарен филм во кој ќе биде прикажан начин на кој избраниците на Дидие Дешамп освоија титула, а до тогаш имаме прилика да го погледнеме ова кратко видео.

Најгласен во соблекувалната е дефанзивецот на Реал Мадрид, Рафаел Варан кој им порача на соиграчите:

„Игнорирајте го ова околу себе момци! Размислувајте само за натпреварот“.

Од друга страна, Антоан Гризман и  Матуиди имале интересна расправија. Напаѓачот на Атлетико Мадрид му објаснува на играчот за врска на Јувентус каде греши кога е во прашање позиционирањето на теренот.

„Во некои ситуации си бил овде, а би требало да бидиш на другата страна, како би можел да дојдеш на тоа место. Тоа е кога ние ја имаме топката…“- рече Гризман,а Матуиди веднаш му потврди дека е во право.