Далеку сме од елитата, Вардар прими шест гола од Сосиедад


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Македонскиот претставник во Лигата на Европа, екипата на Вардар доживеа уште еден катастрофален пораз во рамките од ова натпреварување.

Вечерва во Скопје вардарци беа немоќни пред расположениот Реал Сосиедад кој во Шпанија ќе си замине со трите бода оставајќи го Вардар со полна мрежа голови (0:6).

Ова е втора победа за Реал Сосиедад во групната фаза од Лигата на Европа по триумфот во првото коло против екипата на Розенборг.

Херој на тимот од Баскија е Бразиелцот, Вилијан Жозе кој постигна четири од шесте погодоци за гостите.

Ојарзабал ја отвори серијата на Баскијците во 12. минута, потоа на сцена стапи Вилијан Жозе со голови во 34., 42., 55. и 59. минута од натпреварот. Последниот гол за Сосиедад го постигна дефанзивецот Де ла Бела во 90. минута.